Во тек е Рамазан, светиот месец за припадниците на исламската вероисповед, а тие верници кои го практикуваат рамазанскиот пост, не смеат ништо да јадат или да пијат од зора до самрак. Затоа, кога фудбалскиот меч помеѓу турските екипи Гиресунспор и Анкара беше прекинат во 11-тата минута поради повреда на еден играч, фудбалерите паузата ја искористија за да јадат нешто или да се напијат.
Фудбалерите набрзина јадеа банани и урми за да им даде сила да издржат до крајот, а некои пиеја вода. Особено за спортисти кои трчаат и губат течности, тешко е да се издржи без вода и затоа паузата само по 11 минути игра, одлично им дојде. Овие слики не се ништо ново, и во минатото некои познати фудбалери кои се муслимани го правеа тоа доколку се на терен по стемнување.
🕌 GZT Giresunspor – Ankara Keçiörengücü maçında yaşanan sakatlık ile ezan saati denk gelince, oyuncular maç sırasında oruçlarını açtı. #beINSPORTS pic.twitter.com/Fec6Q5ERKP
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) April 13, 2021