Белгискиот селектор Роберто Мартинес го објави списокот на играчи за кои смета на претстојното Европско првенство, а кога ќе се погледнат имињата на Црвените ѓаволи, јасно е зошто оваа селекција е број 1 на ранг-листата на ФИФА. Белгија никогаш не била европски првак, можеби сега имаат историска шанса за таков подвиг. Самите велат дека имаат само една цел, а тоа е титулата.
Во првата групна фаза, Белгија е во друштво со Данска, Финска и Русија и ќе игра во Санкт Петербург и Копенхаген. На листата ги нема Фелаини, кој игра во Кина, и Кастелс од Волфсбург.
Со голмани како Куртоа и Мињоле, дефанзивци како Алдервејрелд, Бојата, Вермален и Вертонген, крила Караско, Торган Азар, Мение Шадли, плејмејкери Де Бројне, Витсел, Тилеманс и напаѓачи од типот на Еден Азар, Лукаку, Мертенс, Бентеке, јасно е дека пред Мартинес се слатки маки.