Џулијан Дракслер го обнови договорот со ПСЖ на три години што значи дека на „Паркот на принцовите“ ќе се задржи до јуни 2024 година.
Германскиот репрезентативец си ја обезбеди иднината иако имаше најави дека летово ќе биде слободен играч, но очигледно е вреден на тренерот Покетино и ќе биде во неговите планови во следниот период.
Сепак, навивачите на ПСЖ се надеваа дека ќе го дочекаат потписот на Килијан Мбапе, кој и натаму се противи да ја обнови соработката со ПСЖ и посакува да замине од Париз по крајот на сезоната.
https://twitter.com/PSG_inside/status/1394333138457751552