Роналдо признал дека ја силувал девојката, адвокатите се борат да го спасат од одење во затвор

Германскиот „Шпигел“ објави шокантна информација во која стои дека Кристијано Роналдо потврдил дека ја силувал девојката во 2009 година, додека престојувал во Лас Вегас. Иако поминаа речиси 10 години од тој настан, девојката Кетрин Мајорга неодамна ја разбранува јавноста со изјавата дека била силувана од Роналдо, а потоа добила 375.000 долари за да молчи за целиот настан.

Адвокатите на Мајорга сакаат да докажат дека девојката била присилена да се спогоди и да ги земе понудените пари. Интересно е што на Роналдо му бил даден прашалник кој требало да го пополни и да објасни што точно се случувало таа вечер во 2009 година во Лас Вегас.

Според сознанијата до кои дошле во „Шпигел“, Роналдо во своето објаснување вели „Таа ми рече „не“. Неколку пати ми го повторуваше тоа и викаше да престанам“, е дел од изјавата напишана од Роналдо, со што јасно се потврдува дека тој признал дека ја силувал девојката.

Сега адвокатите на Роналдо се обидуваат да го „испеглаат“ тој прашалник кој го пополнил Роналдо. Португалецот и во 2005 година имаше афера дека силувал девојка во Лондон, кога една француска државјанка го пријави, но и во таа ситуација Кристијано излезе дека е невин и дека обвинувањата биле невистинити.

 

 

- Оглас -

Најнови вести