По поразот од Тотенхем во претходното коло, Челзи веднаш се врати на победите. На „Стемфорд Бриџ“, домаќините со 2:0 го победија Фулам. Фаворитот погоди по само четири минути игра, кога мрежата на гостите ја затресе Педро. Долго време стоеше 1:0 на семафорот.
Сите дилеми дека нема да има изненадување на овој меч ги реши Лофтус-Чик. Играчот кој влезе во игра во второто полувреме, погоди за 2:0 во 82 минута. Од тренерски аспект Маурисио Сари го доби дуелот со својот учител Клаудио Раниери.
Челзи сега има 31 бод, додека Фулам остана на дното на табелата со само осум бода. До крајот на колото во Премиер лигата, следи дербито на северен Лондон меѓу Арсенал и Тотенхем, како и градскиот дуел меѓу Ливерпул и Евертон.