Вилјареал најавува продолжување на неверојатната шпанска доминација во финалињата (Видео)

Вилјареал води со 1:0 против Манчестер јунајтед по првото полувреме во финалето од Лигата на Европа. Џерард Морено погоди во 29 минута за шок на англискиот тим кој пред мечот ја имаше улогата на фаворит.

Манчестер јунајтед има поголема контрола на топката, но Вилјареал покажа како се игра рационално и со единствениот удар во рамките кон голот на противникот, стигна до погодок. Интересно е што ова е првиот погодок што е постигнат во дуелите на овие два тима, затоа што претходните четири соочувања секогаш завршувале со резултат 0:0.

Статистиката вели дека шпанските екипи победиле на последните 15 европски финалиња кога играат со противник од друга земја. Последен пат шпанска екипа загубила во финале од натпреварување на УЕФА во финалето од Лигата на шампиони кога Баерн Минен на пенали се радуваше против Валенсија во 2001 година.

Голот на Вилјареал за водство против Манчестер јунајтед погледнете го ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести