Познати се екипите кои ги пополнија првите два шешири за групната фаза во следната сезона во Лигата на шампионите.
Челзи како нов европски првак се најде во шампионскиот шешир каде што од претходно местата ги обезбедија Манчестер сити, Атлетико Мадрид, Интер, Баерн Минхен, Лил и и по доста долго време Спортинг, а таму се најде и Вилјареал како освојувач на Лигата на Европа за прв и можеби последен пат.
Вториот шешир во кој се најдоа Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Јувентус, Севилја и Дортмунд, на хартија делува доста поквалитетно во однос на првиот шешир.
Третиот шешир засега го сочинуваат Порто, Ајакс, Аталанта, Лајпциг и Зенит, додека Бенфика, Салцбург и Шахтар ќе се најдат таму доколку се пласираат во групите преку квалификациската фаза.
2021/22 Champions League group stage draw pots (pot 1 & 2 confirmed) – (pot 3 & 4 depend on qualifying rounds) pic.twitter.com/UkidjzPVTG
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) May 29, 2021