Американскиот тинејџер Еријон Кингтон постави официјален рекорд на трката на 200 метри за спринтери во категоријата кадети до 18 години. Кингтон има 17 години и со постигнатиот рекорд од 20 секунди и 11 стотинки успеа да го надмине досегашниот рекорд на Јусејн Болт.
https://twitter.com/i/status/1399630760215289856
Легендарниот Болт во јули 2003 година, пред да го прослави 17-тиот роденден, истрча со време од 20:13 секунди на оваа патека во кадетска конкуренција. Тогаш Кингтон уште не бил ни роден. Кингтон, новата американска атлетска надеж, е роден во јануари 2004 година и е сопственик на рекордите на 100 метри (10:16 секунди) и 400 метри (47:48 секунди).