Усман Дембеле ја напушти репрезентацијата на Франција поради повреда на коленото, што значи дека за него е завршено Европското првенство.
Крилниот фудбалер на Триколорите ќе продолжи со третмани и рехабилитација во Барселона, одлучено е меѓу селекцијата и каталонскиот гигант. Дембеле се здоби со повредата во ремито против Унгарија од 1-1, во кое влезе како замена во вториот дел од мечот, но не го доигра поради самата повреда и беше заменет во финишот.
За Дембеле оваа повреда е веќе стара приказна, како што е познато, половина од кариерата во Барселона му помина во закрепнување, а наскоро ќе се знае колку време ќе паузира и дали ќе биде подготвен за стартот на новата сезона.