По 15 години на клупата на Германија како селектор, легендарниот Јоаким Лев си заминува од националниот тим и своето место му го отстапува на Ханси Флик. Иако репрезентативната кариера ја заврши со пораз, Лев има биланс на кој може да биде горд и тоа се резултати за кои сонуваат сите фудбалски тренери на светот.
Лев врвот на својата кариера како селектор на Германија го достигна во 2014 година во Бразил, кога Панцерите ја освоија светската титула. Во 2008 година, Лев ја однесе Германија до финале на Европското првенство, а во 2017 година го освои Купот на конфедерации.
Лев си заминува од клупата на Германија по 198 меча (Оскар Табарес останува единствен со 200 меча како селектор на една иста земја), на кои извојува 124 победи (добиени 63 проценти од мечеви). Имаше 34 порази, од кои едниот од Македонија.