Италија против Шпанија на 6 јуни на „Вембли“ ќе се бори за пласман во финалето на Европското првенство, во меч кој ќе биде реприза од битката за европската титула од 2012 година.
Аѕурите посакуваат нова шанса да се најдат во самата завршница откако Фуријата ги понижи во тоа финале пред девет години, а Федерико Кјеза вели дека ќе имаат посебен мотив да се ревашираат. Италија ќе игра за повредениот Спинацола, кој ја оштети Ахиловата тетива и ќе отсуствува најмалку шест до седум месеци.
„Ќе играме за Спинацола, ќе му дадеме причина да се радува иако нема да биде со нас на теренот. Оваа репрезентација е како семејство, жал ни е што го загубивме нашиот брат. Лео беше еден од нашите клучни играчи, но и без него мора да го потврдиме квалитетот“, истакна Кјеза.
Крилото на Јувентус беше еден од стрелците во победата над Австрија од 2-1 по продолженија, а Кјеза даде гол на континентален турнир точно 25 години по неговиот татко, Енрико Кјеза, италијанската легенда која стрелаше на ЕВРО 1996 против Чешка.