Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, ќе направи комплетен увид на сите расположливи сили за составување на сениорската селекција која летово ќе се натпреварува во претквалификациите за Мундобаскетот 2023.
Подготовките почнуваат на 10 јули, со тоа што неколку помлади кошаркари ќе поминат под лупата на новиот селектор, а тоа се:
Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка), Димитар Иванов (МЗТ Скопје Уни Банка), Михаил Наумоски (МЗТ Скопје Уни Банка), Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка), Андреј Андоновски (МЗТ Скопје Уни Банка), Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка), Лејсон Зекири (МЗТ Скопје Уни Банка), Виктор Ефремовски (Работнички), Валмир Какруки (Навико Академија ФМП), Андреј Настовски (Црн Дрим), Андреј Митревски (ТФТ), Иван Волкановски (Куманово 2009), Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП), Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија), Дино Боцевски (Стела Аѕура-Италија), Марко Миловановиќ (Јуви Кремона-Италија), Рубин Стефанов (Крабс Баскет Римини-Италија).
Најистакнатите играчи погоре од списокот ќе им се приклучат на сениорите, кои почнуваат со подготовките на 12 јули во СЦ „Јане Сандански“.
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром), Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром), Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром), Бојан Трајковски (Пелистер), Бобан Стајиќ (Пелистер), Горјан Марковски (Куманово 2009), Дамјан Робев (Куманово 2009), Љубомир Младеновски (Работнички), Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија), Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт-САД), Стојан Ѓуровски (ХЛА Аликанте – Шпанија), Џејкоб Вајли (Будуќност-Црна Гора).
Претквалификацискиот турнир ќе се одржи во Скопје, од 12 до 18 август.
фото: КФСМ