Се пролеа крв во Бразилија, настрада ногата на Меси (видео)

Аргентина се пласира во финалето на Копа Америка и против Бразил на 11 јули ќе се бори за континенталната титула откако Гаучосите се покажаа како подобри пеналџии од Колумбија.

За пласманот во финалето, капитенот Лионел Меси мораше да плати со крв, а настрада неговиот зглоб од левата нога при еден остар старт на Фабра во 55-тата минута. Колумбискиот бек беше непретпазлив при обидот да ја освои топката и направи фаул, а подоцна се забележа крв на чорапот од Меси како резултат при судирот.

За среќа, Лео не се здоби со потешка повреда и продолжи да игра, а со сигурност ќе биде на теренот и во битката за титулата против Кариоките.

https://streamable.com/by0p2f

- Оглас -

Најнови вести