Леонардо Спинацола беше успешно опериран по тешката повреда на Ахиловата тетива на дуелот со Белгија, а видеото што е објавено како се радува на клучниот гол на Жоржињо во пенал-серијата против Шпанија им ги стопли срцата на Италијанците.
Спинацола со гипс на ногата во домашна атмосфера го следеше драматичното прво полуфинале на „Вембли“ меѓу Италија и Шпанија што траеше над 130 минути, а конечно здивна по погодениот пенал на Жорињо во последната петта пенал-серија, со што Аѕурите си обезбедија меч за титулата на „Вембли“ на 11 јули.
Леонардо до повредата беше еден од најдобрите играчи на Италија, но сега ќе мора да паузира најмалку 4 месеци, откако беше успешно опериран.
Италија во финалето го чека победникот од второто полуфинале, што ќе се игра вечерва на „Вембли“ од 21 часот меѓу Данска и Англија.