Мурињо во свој стил: Дадовме четири гола, а конечниот исход е 2-2

Дербито помеѓу Манчестер јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ не донесе победник. Двете екипи ремизираа со 2-2, головите се постигнуваа по катастрофални грешки и на двете одбрани, а Мурињо смета дека неговите играчи ги постигнаа погодоците на „топчиите“.

„Постигнавме четири гола, а мечот заврши 2-2. Како и секогаш, направивме грешки и ја плативме цената за тоа. И на овој меч беше така, но благодарение на тимскиот дух и борбеноста на играчите, се вративме во игра. Игравме до самата граница на нашите можности, играчите по завршувањето на мечот беа тотално исцрпени. Арсенал беше опасен само кога ја губевме топката во опасна зона, дури и на клупата се чувствуваше паника кога противникот ќе дојдеше пред нашиот гол. Кога го постигнавме вториот гол за Арсенал, ја имавме контролата на топката и мило ми е што брзо се вративме во игра. Без разлика на исходот, задоволен сум со залагањето на моите играчи, играа со срце, но ние и натаму не сме константни“, истакна Мурињо по дербито со „топчиите“.

- Оглас -

Најнови вести