Стефанос Циципас не може да куртли од болни порази во дуелите со српските тенисери, а денеска доживеа нов неуспех на АТП турнирот во Хамбург.
Иако беше апсолутен фаворит за победа против Филип Краиновиќ во четвртфиналето, Гркот загуби со 1:2 и повторно поразот беше по исто сценарио како на дуелот со Новак Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос пред еден месец.
Циципас поведе со 1:0 во сетови, откако ги доби првите пет игри по ред, заврши со 6:3, но потоа си дозволи нов пораз со пресврт. Краиновиќ се разигра, во вториот сет и биквално го демолира фаворитот со 6:1, а потоа и го доби мечот, откако беше подобар во последниот сет со 6:3.
Пред еден месец Стефанос ја имаше првата гренслем титула во рака, водеше во финалето на Ролан Гарос со 2:0 во сетови против Ѓоковиќ, но потоа следеше голем пресврт за победа на шампионот од 3:2.
Краиновиќ по подвигот во Хамбург и победата против првиот носител Циципас ќе игра со сонародникот Ласло Ѓере во полуфиналето на турнирот.