Американците го постигнаа најбрзиот гол во нивната историја (Видео)

Репрезентацијата на САД со максимални девет бодови го освои првото место во Б групата од Голд Купот. Во дуелот за првото место Американците минимално со 1:0 ја победија Канада, која остана втора со шест бода.

Моментот на одлука беше првиот напад на мечот. По само 20 секунди од стартот, дефанзивецот Шек Мур одлично влезе во петерецот на противникот и погоди за голема радост на домашните навивачи на стадионот во Канзас сити.

За Американците тоа беше прв, но и последен директен удар во рамките на голот на Канада. Во поголем дел од мечот, Канада напаѓаше, имаше шанси, но Американците одлично се бранеа и на крајот минимално со 1:0 се радуваа на победа. Во вториот меч од оваа група, Хаити со 2:1 го победи Мартиник и ги освои првите бодови во групата, додека поразениот тим остана на нула бодови на Голд Купот.

Во А групата, Мексико минимално со 1:0 го победи Салвадор, благодарение на голот на Луис Родригес во 26 минута. Со оваа победа Мексиканците кои се бранители на континенталниот трофеј, стигнаа до првото место со седум бода, додека Салвадор заврши како втор со шест бодови. Во вториот меч од оваа група, Тринидад и Тобаго и Гватемала ремизираа 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести