Јапонец купи 197 влезници и потроши 40 илјади долари за Олимписки игри без гледачи

Казунори Такишима ќе го урнеше Гинисовиот рекорд откако купи 197 влезници за различни спортови на Олимпијадата во Токио, но од познати причини нема да може да биде на трибините на спортските арени.

Јапонците одлучија да нема публика на Летните олимписки игри од 23 јули до 8 август, а ќе му вратат 40 илјади долари, колку што платил Такишима за билетите.

Приказната на 45-годишниот трговец со недвижнини е многу интересна, а страста за спорт и за присуство на Олимписките игри му започнале во 2005 година.

Миленичка на Такишима е извонредната јапонска лизгачка на мраз Шизука Ааракава, која победи на натпреварување во 2005 година, па Казунори одлучил заради неа да патува во Торино на Зимските олимписки игри следната година.

Аракава го освои златниот медал, а Такишима оттогаш е редовен посетител на Олимпијадите.

„Присуствував на натпреварот во уметничко лизгање и бев пресреќен кога Шизука победи и го освои златото. Оттогаш одлучив да патувам на сите дестинации каде што се одржуваат Олимпијадите“, вели Такишима.

Вели дека е малку и разочаран од одлуката на јапонските власти да не дозволат присуство на публика на олимписките арени, поради што токму во својата земја нема да може да биде присутен на трибините, но и најавува дека ќе продолжи да биде присутен на сите Олимпијади во иднина.

 

- Оглас -

Најнови вести