Георгиевски ги гази противниците, медалот на ЛОИ на дофат!

Дејан Георгиевски триумфира и во четвртфиналната борба против Сејду Гбане и ќе се бори за медал на Олимписките игри во Токио.

Нашиот најдобар таеквондист продолжи со газење на противниците, па падна и претставникот на Брегот на Слоновата Коска, кого Георгиевски го совлада со конечни 9-4.

Тактизирањето во првата рунда не донесе поени, па Георгиевски тргна поофанзивно во втората рунда, која ја доби со 3-1.

Веќе во првите 20 секунди од решавачката рунда, двајцата борци собраа по еден бод, по што Гбане дојде до израмнување од 4-4 за неизвесна завршница. Дејан потоа влезе во ритам и освои пет поени во низа за решавање на дилемите.

Во полуфиналето Георгиевски ќе се бори со Кјо Дон Ин од Јужна Кореја, па доколку победи, бронзен медал ќе биде минимален успех на Македонецот.

- Оглас -

Најнови вести