Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години претрпе убедлив пораз од 77:108 од Хрватска во првиот меч од челинџер турнирот на ФИБА, кој се одржува во Скопје.
Коцкестите уште во воведниот период изградија двоцифрена предност добивајќи ја четвртината со 25-11, па со серија од 13-0 пред паузата, Хрватска лесно стигна и до +24 разлика. Ништо не се смени и во преостанатите две делници, Македонија не можеше да ја спушти негативата под 20 коша разлика, па убедливиот пораз беше неминовен.
Во нашиот состав светла точка беше Митревски со 13 поени, по 11 додадоа Мемед и Наков, додека Јелавиќ со 24 поени беше лидер на хрватскиот национален состав.
Македонија утре во исто време (21 часот) ќе ги одмери силите против селекцијата на Грузија.