Само два дена по поразот од 22 разлика: Македонија ја победи Црна Гора

Македонската кошаркарска репрезентација славеше против Црна Гора со 65:58 во контролен меч одигран во „Јане Сандански“. Оваа победа доаѓа само два дена по убедливиот пораз од истиот ривал, кога Црногорците славеа со 81:59.

Гостите фуриозно започнаа и во првата четвртина од вториот меч и брзо поведоа со 9:2, а на крајот од првиот квартет имаа водство од 20:8. Втората четвртина беше најдобрата која македонската репреентација ја има одиграно во последно време. За брзо време ја анулираа двоцифрената негатива и стигнаа до водство од 23:22, а на полувреме Македонија водеше со 38:31. Овие 10 минути завршија со 30:11 за Македонија.

На почетокот од третата четвртина Македонија првпат поведе и со двоцифрена предност (41:31) и константно имаше водство, кое во пресрет на последните 10 минути изнесување само еден поен (49:48). Словенија поведе со 53:51 на почетокот на последната четвртина, но нашите кошаркари со серија од 12:1 го преземдоа водството (63:54) и до крајот ја задржаа предноста.

- Оглас -

Најнови вести