Официјализирано најголемото предавство кон Рома во последните 40 години

Искусниот шпански напаѓач Педро Родригес го комплетира својот трансфер од Рома во Лацио. Тој е првиот фудбалер во последните 40 години кој директно од Волчицата се преселил кај градските ривали, Орлите, и тоа сигурно нема да мине без реакција од навивачите. Педро во Лацио ќе го носи дресот со бројот 9.

Педро повторно ќе игра за тренерот Маурицио Сари, со кого соработуваше и во Челзи. Во Рома не сметаа на него, па 34-годишниот Шпанец се пресели во најлутиот ривал. Со овој трансфер, Рома ќе заштеди пари бидејќи платата на Педро беше 8 милиони евра по сезона. Како играч на Барселона, Педро освои 20 трофеи, три пехари има со Челзи, со репрезентацијата на Шпанија беше и светски и европски првак, а трофеи не освојуваше само со Рома, за која настапи на 40 меча и даде 6 гола.

- Оглас -

Најнови вести