Официјално: Одегард е нов член на Арсенал!

Норвежанецот Мартин Одегард (22) и официјално премина од Реал Мадрид во Арсенал. Некогашното чудо од дете кое на 15 години дебитираше во сениорската репрезентација на Норвешка и го најавуваа како нов Лионел Меси не ги оправда очекувањата. Кралскиот клуб постојано го позајмуваше, а летово конечно решија да го продадат за сума од околу 40 милиони евра.

Одегард не успеа да се наметне кај ниту еден тренер кој го имаше Реал во последните 7-8 години, па клубот немаше друг избор освен да го продаде. За Одегард, играњето за Арсенал нема да биде ништо ново. Тој како позајмен минатата полусезона настапуваше за Топчиите и одигра 20 меча. Одегард нема да игра на дербито против Челзи викендов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести