Историски најмала посета кога Франција е домаќин, за тоа беше „виновен“ гостинот (Видео)

Франција и Израел ремизираа без голови на дуел од Лигата на нациите, а освоениот бод беше доволен за Галските петли да го обезбедат местото во четвртфиналето. Дуелот беше прогласен од висок ризик и со право затоа што на трибините имаше инцидент.

На трибините имаше околу 200 навивачи на Израел и поради нивна безбедност, но и безбедноста на останатите фанови на трибините, бројот на гледачи беше редуциран. Беше дозволено да има максимум 20.000 навивачи на трибините, а на крајот посетеноста на „Сент Дени“ беше 16.611 гледачи.

Оваа бројка на гледачи е историски најмала откако Франција игра на „Сент Дени“, стадион кој има капацитет од 80.698 гледачи. Претходниот рекорд за најслаба посета на „Сент Дени“ беше 36.842 гледачи на дуел против Нов Зеланд, одигран на 22 јуни 2003 година во Купот на конфедерации.

Поради одлуката за редуциран број гледачи, Франција има загуба од 3,5 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести