31.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Димитриевски им оддаде почит на жртвите од поплавите во Валенсија

Голманот на Валенсија и на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, синоќа во Скопје ја зачува својата мрежа против Летонија, а по натпреварот остави убава порака која беше испишана на неговата маица.

Столе победата сакаше да им ја посвети на луѓето погодени од трагичната поплава, која се случи на 29 октомври во многу општини на југот на провинцијата Валенсија. Димитриевски носеше маица со порака „За сите жртви на Валенсија. Напред Валенсијци“.

- Оглас -

Најнови вести