Раритет во Англија – Третолигаш одложи меч, има тројца репрезентативци до 21 година

Англискиот третолигаш Моркомб има дури тројца репрезентативци од три различни селекции кои се повикани за настап во септемврискиот циклус квалификации за настап на ЕП и доби дозвола да го одложи мечот против Кру Александрија што требаше да се игра на 4 септември.

Реткост е клуб од Лига 1 во Англија да има толку репрезентативци, а популарните „Shrimps“, или Раковите од Морекомб без проблем им дозволија на голманот Андресон, напаѓачот Мек-Пејк и на играчот од средниот ред Алфи Мекалмонт да се јават на располагање на своите репрезентации.

Андресон ќе брани за младата селекција на Исланд против Белорусија и Грција, Мек-Пејк ќе настапи за Шкотската селекција до 21 година против Турција, а Мекалмонт треба да биде во составот на Северна Ирска за дуелите со Малта и Словачка, сите во септември.

Морекомб доби дозвола од Англиската фудбалска федерација да го одложи мечот, а имаше рзбирање и од ривалот Кру Александрија, па тој меч ќе се игра во некој друг термин што ќе биде дополнително одреден.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести