Европскиот шампион Италија вечерва (20:45 часот) во Фиренца ќе го пречека националниот состав на Бугарија, во обид да го одржи максималниот учинок и да ја запише четвртата победа во квалификациите.
Доказ дека Аѕурите на Роберто Манчини ќе го оправдаат коефициентот од 1.12 за обична победа, е фактот што немаат загубено официјален натпревар на домашен терен од 28 февруари 2000 година, поточно откако е роден Мојзе Кен. Старо-новиот фудбалер на Јувентус во март 2019 година стана првиот играч-стрелец за Италија роден во 21 век во победата над Финска, а откако тој дојде на овој свет, Аѕурите се непоразени во 57 официјални натпревари на свое тло.
Учинокот е 42 победи и 15 ремија. Од нив, 21 триумф е запишан во мундијалските квалификации, 20 се во квалификации за ЕП и еден во Лигата на Европа, додека по пет ремија се поделени во сите три натпреварувања.
Кен моментално не е дел од сениорскиот состав на Манчини, но нема сомнежи дека во иднина ќе биде носител на нападот на моменталниот европски фудбалски владетел.