Карамелите ќе имаат горчлив вкус за Барнли

2606 Елфсборг – Хакен (Прва лига, Шведска, 19 часот)

Елфсборг е во топ-форма и нема пораз од мај, односно на 9 меча по ред во Алсвенскан, како што ја нарекуваат Првата лига на Шведска.

Џими Телин одлично го води од клупата шесткратниот шведски првак, а Елфсборг сака нова шампионска круна по 10 години пауза.

Тимот игра офанзивно и е меѓу најефикасните, но и со одлична дефанзива само со 15 примени голови. Составот без големи фудбалски ѕвезди е многу компактен и гази сè пред себе, а со победа против Хакен сигурно ќе се пробие на третото место, со шанси до крајот на првенството да се бори за титулата.

Хакен има поскромна фудбалска традиција и ќе бие малку поинаква битка за опстанок во елитната шведска лига. На последните три гостувања на „Борас арената“ не загуби ниту еднаш од Елфсборг, но сега е време за победа на разиграниот домаќин.

Предлог тип: 1 (2.06)

 

1309 Хетафе – Елче (Ла Лига, Шпанија, 20 часот)

Двете екипи не играат лошо на стартот од новата сезона во Ла Лига, но бодовниот ефект е скромен. Хетафе имаше тежок распоред и ги загуби сите три меча, но одигра солидно и со Валенсија и против Севилја, а особено со Барселона.

Тимот што од клупата го предводи познатиот поранешен ас на Реал Мадрид, Мичел, се надева дека ќе ја прекине серијата од три минимални порази и дека ќе го победи Елче.

Гостите освоија два бода во првите три кола, но и тие имаа многу незгоден распоред и дуели со Атлетик Билбао, Атлетико Мадрид и Севилја.

И Елче одигра добри натпревари, но во силно првенство каква што е Ла Лига мора да се победува за да се остане во елитата.

Хетафе нема пораз од Елче на последните шест меѓусебни дуели, а така ќе остане и овојпат.

Предлог тип: 1Х&1-3 (1.70)

 

3004 Болоња – Верона (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Болоња почна одлично во Серија А и има четири бода од два натпревари, што е поттик за избраниците на Синиша Михајловиќ да се обидат да ја победат и Верона.

Гостите двапати беа поразени иако не одиграа лошо, двапати како домаќини против Сасуоло и Интер. Голем проблем за Верона е долгата серија без победа во Калчото што трае од минатото првенство и сега стигна до аларматни 11 натпревари.

Си замина еден од клучните играчи, Матија Закањи, што е дополнителен проблем за Еузебио ди Франческо, кој е во опасна ситиација ако Верона загуби и денеска на „Ренато дал Ара“.

И двете екипи имаат одличен офанзивен потенцијал, последниот меѓусебен меч го одиграа нерешено, 2:2, па ќе типуваме дека пак ќе има доста голови.

Предлог тип: 3+ (1.73)

 

1010 Евертон – Барнли (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Евертон нема пораз во првите три кола во Англија, па ќе сака да го искористи моментот и да му се реваншира на Барнли за поразот на „Гудисон парк“ на последното гостување.

Навивачите на Карамелите беа скептици кога Рафаел Бенитес беше именуван за нов тренер, но сега атмосферата е многу понадежна и оптмистичка по двете победи и едно реми на стартот од Премиер лигата.

Калверт-Луин постојано е под знак прашалник дали ќе играм бидејќи влече повреда од ланското првенство, но тој и игра и дава голови, па со три погодоци е прв стрелец на Евертон. Дефинитивно ќе игра и Ришарлисон, па тандемот напаѓачи ќе биде главен адут за нов триумф на Евертон.

Шон Дајш и Барнли се во веќе позната ситуација во долниот дел на табелата, па ќе следи нова битка за опстанок на еден од најцврстите тимови во Англија.

Популарните Кларетс загубија од Брајтон и од Ливерпул, а ремизираа со Лидс и сега целта е да не се загуби од Евертон, односно по вторпат за неполн месец на гостување во Ливерпул.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

1310 Гранада – Бетис (Ла Лига, Шпанија, 22 часот)

Двете екипи ќе играат за прва победа во новата сезона откако идентично почнаа со две ремија и потоа доживеаја порази во третото коло.

Гранада редовно си го победува Бетис на „Лос Карменес“ и има четири триумфи на својот стадион на последните пет меча, кога тимот од Севилја им беше гостин.

Бетис купи доста познати играчи во последните две-три сезони, но резултати нема, па Мануел Пелегрини е во незгодна позиција. Притисокот врз Чилеанецот особено ќе се зголеми ако Бетис загуби денеска од Гранада.

Гостите се фаворити според коефициентите, но на овој меч ќе биде многу важно да не се загуби, па ќе прогнозираме нерешен резултат.

Предлог тип: Х (3.25)

 

 

- Оглас -

Најнови вести