Лоренцо Пелегрини како вистински капитен на Рома, покажа што значи лојалност. Играчот за врска го продолжи договорот со Римската волчица до 2026 година и ќе заработува по четири милиони евра годишно, што го прави вториот најскапоплатен фудбалер, веднаш зад напаѓачот Тами Абрахам.
Како вистински капитен, Пелегрини одлично ја започна сезоната и има шест гола и две асистенции во деветте мечеви во сите турнири. Рома денеска на „Олимпико“ игра против Емполи и е фаворит за освојување на трите бода.
🐺 @LorePelle7 🟨🟥 pic.twitter.com/t2Jyc1dO6f
— AS Roma (@OfficialASRoma) October 2, 2021