Лацио, ПСЖ и Ајакс „искинаа“ многу неделни тикети (Видео)

Ајакс загуби дома од Утрехт со 0-1, и за Копјаниците од Амстердам тоа беше прв пораз сезонава во холандското првенство. Голема заслуга што Ајакс не даде гол, има голманот на Утрехт, Мартен Паес, кој во една акција на домашните при 0-0, за пет секунди имаше три спектакуларни одбрани. Му фати два шута на Алер, и еден на Тадиќ, и сето тоа за неколку секунди, а подоцна Ајакс беше казнет за утките.

Поразот на Ајакс сигурно разочара и налути многу обложувачи, и ја продолжи низата чудни неделни резултати. Прв пораз сезонава попладнево претрпе и ПСЖ, кој беше совладан од Рен со 0-2, а голем кикс кој изненади огромен број на љубители на фудбалот, направи и Лацио, кој беше разбиен од Болоња со 0-3. На спортската прогноза на Спортманија и Sport Life, од над 2.100 прогнозери во ова коло, само три проценти од нив типуваа победа на Болоња.

Ова се трите одбрани на Паес во една иста акција против Ајакс:

https://twitter.com/i/status/1444661748200525830

- Оглас -

Најнови вести