Нема непобедливи, прв пораз на Меси со моќниот ПСЖ!

Рен е тимот кој може да се пофали дека станал првиот што му нанел пораз на Пари Сен Жермен со Меси, Нејмар, Мбапе, Ди Марија и другите ѕвезди во составот. Пред неколку дена во Лигата на шампионите, парижаните го совладаа Манчестер сити, но веќе на наредниот меч, овој со Рен, ја немаа истата среќа, и загубија.

Лионел Меси ја погоди пречката, очигледно дека денеска не му беше денот, и го претрпе првиот пораз како играч на ПСЖ. Килијан Мбапе даде го, но беше поништен по прегледување на снимка. За Светците ова е прв пораз сезонава, тие и понатаму се убедливо прво во француската лига.

Рен уште од 2008 година не победил со 2-0 против ПСЖ, а и тогаш и денеска, првиот гол го дадоа во 45-та минута.

- Оглас -

Најнови вести