Младинците на Шкендија денеска од 17 часот ќе играат на култниот „Пољуд“ во Сплит против врсниците од Хајдук, во реванш-меч од Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години.
Гостување што се памети, особено ако тетовци успеат да приредат подвиг и да победат и ако на мечот присуствува „Торцида“, која е една од најпознатите и најдобри навивачки групи во Европа.
Првиот меч на домашен терен Шкендија го загуби со 0:2, па за пласман во плејоф-финалето во младинската Лига на шампиони им треба голем подвиг и убедлив триумф.
Шансите за такво нешто се многу мали, иако секогаш постојат, а коефициентот за победа на тетовци е дури 23 во Sport Life.
Победникот од овој двомеч ќе игра плејоф-финале против подобриот од двата дуели меѓу Даугавапилс од Летонија и Минск од Белорусија. Белорусите се домаќини на реваншот и имаат огромна позитива од 4:0 по првиот меч.