Роналдо ја прифати условната затворска казна

Кристијано Роналдо наводно ќе ја прифати условната затворска казна од две години. Португалецот на 14-ти јануари во судот во Мадрид ќе ја признае вината за четири прекршоци. Шпанските власти го гонат поради затајување на данок во период од 2011 до 2014 година, во вредност од 14,7 милиони евра, а Роналдо од нив исплати 13,4 милиони евра.

Спроведувањето на казната од две години не значи дека Роналдо ќе „лежи“ во затвор, со оглед на тоа дека му е прв прершок од ваков тип. Но, доколку повторно се обиде за ваков потег, ѕвездата на Јуве може да се најде зад решетки.

Овие проблеми се дел од причините зошто Роналдо изминатото лето го напушти Реал Мадрид, и за трансфер вреден 112 милиони евра се пресели во редовите на италијанскиот првак Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести