Прво засилување за Чави – Барса го врати најтрофејниот фудбалер на светот (Фото)

Дани Алвес се врати во Барселона, а желбата на Чави Ернандес се исполни и 38-годишниот Бразилец пак ќе игра за Каталонците, како прво засилување во ерата на новиот тренер.

Алвес играше заедно со Чави во Барселона од 2008 до 2015 година и заедно освоија многу трофеи, а Бразилецот со вкупно 44 пехари во различни категории и натпреварувања важи за најтрофеен активен фудбалер на планетата.

Дани доаѓа во Барса од Сао Пауло, а интересно е што играше за само шест клуба во кариерата и за националната селекција на Бразил со 119 настапи, а освои неверојатен број на пехари.

 

- Оглас -

Најнови вести