Ферлан Менди имаше многу проблеми неделава за да докаже дека не е во затвор со обвиненија за силување и дека се работи за играчот на Манчестер сити, Бенџамин Менди, па реши да го тргне сите дилеми кај дел од збунетите љубители на фудбалот со гол за Реал Мадрид.
Денеска Ферлан го постигна четвртиот гол за Кралевите во убедливата победа на Реал против Гранада со 4:1.
Голот можете да го погледнете ОВДЕ.
За него тоа е прв гол сезонава, а вкупно трета во трите сезони што ги игра за гигантот од Мадрид.
Во текот на оваа седмица, Бенџамин Менди, кој е во притвор поради неколку обвиненија за силување, беше дополнително обвинет за уште неколку дела, па го чека долгогишен затвор.
Тоа создаде забуна кај дел од љубителите на фудбалот, па Ферлан Менди мораше со објава на социјалните мрежи да објаснува дека не се работи за него.