Норвешкиот скијач Александер Амот Килде победи на спустот во Вал Гардена, но незгидната патека за малку ќе земеше и жртва. Страотен пад имаше швајцарскиот претставник Марк Гизин.
Според изјавите на неговата сестра Мишел, Марк има скршена карлица и потрес на мозокот, но е во стабилна состојба.
Килде победи со време од 1:56,13, втор беше Австриецот Макс Франц со 86 стотинки послабо време од победникот, а на пиедесталот имаше место и за Швајцарецот Фојц, кој ја заврши трката како третопласиран.