Новиот тренер на Адеми и Ристовски ќе дебитира против Хајдук, поради Торцида пред 3 години заврши во болница

Жељко Копиќ е новиот тренер на Динамо Загреб по смената на Дамир Крзнар и интересно е што ќе дебитира на клупата на популарните Модри во вечното дерби со Хајдук што ќе се игра во недела, од 17.30 часот, на „Максимир“.

Копиќ е многу ценет во Хрватска, но имаше и непријатна епизода токму како тренер на Хајдук во сезоната 2017/18.

Иако имаше солидни резултати, поради пријателство со Игор Штимац, кој не е омилен кај Торцида, Копиќ беше сменет, а потоа заврши во болница со Брза помош откако се пожали на болки во градите.

За среќа, немаше сериозни здравствени проблеми и продолжи да тренерува, но епизодата со вечниот ривал на Динамо, сплитскиот Хајдук е непријатна.

Пред да биде тренер на сплитските Били, Копиќ правеше чуда со Славен Белупо и стигна дури и до финалето на Купот на Хрватска, а во двомечот за пехарот загуби токму од Динамо со 2:1 во вкупен резултат.

Копиќ се договори со раководството на Динамо за соработка до крајот на оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести