Легенда е на Ливерпул и омилен е меѓу фановите а сега чисти тоалети, тетовира луѓе и точи пиво

Даниел Агер своевремено беше еден од најдобрите дефанзивци на Ливерпул.

Данецот кој што осум години настапуваше за тимот од Енфилд е омилен меѓу навивачите на овој тим, а откако се пензионираше, неговиот живот потполно се промени.

Тој со влог од 500 илјади евра ја отвори компанијата „Клоагер“ која што се занимава со чистење на тоалети низ Данска.

И според информациите од оваа држава, неговата фирма во овој бизнис е меѓу најдборите, и има навистина солиден профит.

Воедно, пред неколку седмици тој купи и студио за тетовирање каде што и самиот доби лиценца за да тетовира.

Веќе од поодамна, Агер има и два пабови во Копенхаген, каде што често може да се забележи позади барот како точи пиво на гостите и пријателите.

За Ливерпул, Агер одигра 175 натпревари и има постигнато девет погодоци.

- Оглас -

Најнови вести