Усман Дембеле е најскапиот играч во историјата на Барселона. Во 2017 година, за сума од 135 милиони евра беше купен од Борусија Дортмунд со надеж дека ќе биде иднината на клубот во следните 10-тина години.
Сепак, Дембеле се покажа како една од најлошите инвестиции во клубот. Во изминативе четири години честопати беше повреден и вкупно за четири и пол сезони досега има одиграно 126 натпревари, во кои постигнал 30 погодоци и 23 асистенции.
Математички, играчот кој беше платен дури 135 милиони евра за секој меч во дресот на Барселона, каталонскиот гигант го чини повеќе од еден милион евра, а ефектот е очаен.
Актуелниот договор на Дембеле со Барселона истекува на крајот од оваа сезона, а повремениот француски репрезентативец постави неверојатни услови за продолжување на соработката. Дембеле побарал 40 милиони евра бруто-плата, плус 20 милиони евра кои би му биле дадени за лојалност што останува во клубот. Во услови кога Барселона се наоѓа во финансиска криза, овие барања на фудбалерот се речиси неверојатно остварливи.
Фактот дека договорот на Дембеле истекува на крајот од сезоната, фудбалерот веќе од 1 јануари ќе може да преговара и со други клубови, па доколку се договори, веќе во јули ќе може да си замине од „Камп ноу“, и тоа без ниту едно евро оштета.
Моменталната вредност на Дембеле на фудбалскиот пазар се проценува околу 50 милиони евра.