Многу лошо судење има во последно време во Англија, а по вчерашните грешки на Стјуарт Атвел на мечот меѓу Арсенал и Манчестер, вечерва и Ентони Тејлор направи катастрофална грешка на стартот на дербито меѓу Челзи и Ливерпул.
Во 14-тата секунда, Садио Мане со лакт го удри директно во лицето Сесар Аспиликуета и доби само жолт картон, иако според правилата, требаше да биде исклучен. Ова е најбрзо доделен жолт картон во историјата на Премиер лигата, но требаше да биде и црвен и исклучување за Мане.
Стартот на Мане можете да го погледнете ОВДЕ.
Сенегалецот куртули, а потоа постигна и гол во десеттата минута за предност на Ливерпул од 1:0 на „Стемфорд бриџ“.