Валенсија се „протна“ во следната фаза од шпанскиот куп, откако попладнево со 2-1 ја победи Картагена. Лилјаците триумфираа со гол на Денис Черишев во 93-та минута, но најинтересниот момент на средбата се случи на 15 минути до крајот.
Беше досуден пенал за Картагена, а голманот Хауме Доменек додека чекаше изведувачот да земе залет, чекаше клекнат на колена. Доменек сепак не успеа да го деконцентрира Ортуно, и тој одлично го изведе пеналот. Доменек се исправи и се обиде да одбрани, но немаше шанса.
I mean… it’s different #CopaDelRey #CARVAL pic.twitter.com/egxrFrHDLk
— Swedish House Furniture (@UkuleleKev) January 5, 2022