Контроверзниот фудбалски агент Мино Рајола е итно пренесен во болницата во Милано, каде што му е извршена операција.
Не се познати причините и каква е состојбата на еден од најконтроверзните фудбалски агенти, кој има голема биографија и фудбалски имиња што ги застапува.
Тој во моментов е агент на Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлинг Халанд, Џанлуиџи Донарума и ред други познати фудбалери, а според „Форбс“, во една нивна објава имаат истакнато дека во досегашниот тек Рајола има заработено околу 70 милиони евра од овој бизнис.