Патрик Вимер имаше страшно атрактивна асистенција по која Алесандро Шопф ја затресе по вторпат мрежата на Ајнтрахт и и донесе предност на Арминија од 2:0 во Франкфурт, во вечер во која на два различни натпревари видовме две исклучително добри рабони.
Вимер на чудесен начин му ја додаде топката на Шопф, а овој со тело ја затресе мрежата на Трап за изненадувачки 0:2 на „Дојче Банк Парк“ во Франкфурт.
Моментот од 27. минута на премиерниот меч од 20. коло во Бундеслигата можете да го погледнете ОВДЕ.
Претходно, на Европското прврнство во футсал, Хрватот Матеј Хорват постигна луд гол за „Коцкестите“, откако ја предрибла речиси целата екипа на Полска, заедно со голманот и погоди со рабона на празна мрежа.