Манчини ќе му даде шанса: Италија со Балотели ќе ја нападне Македонија

Марио Балотели ќе биде повратник во националниот тим на Италија за претстојните средби.

Некогашната голема ѕвезда на Интер, Манчестер сити, Милан и Ливерпул игра одлично во турскиот шампионат за екипата на Адана Демирспор, а тоа не остана незабележано од селекторот Роберто Манчини.

Медиумите од Италија пренесуваат дека „лудиот“ Балотели ќе добие нова шанса во националниот тим на Аѕурите, по неколку годишна пауза.

Последниот настап за Италија тој го имаше во 2018 година, додека последниот погодок му е од Светското првенство во 2014 година во победата над Англија од 2:1 во рамките на групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести