Усман Дембеле речиси сигурно ќе си замине од Барселона, но прашање е дали тоа ќе биде до крајот на овој месец или на крајот од сезоната. Францускиот репрезентативец има договор со Барселона до крајот на сезонава, а Каталонците очекуваа дека лесно ќе му ја продолжат соработката.
Сепак, фудбалскиот агент Муса Сисоко, кој го застапува Дембеле, постави неверојатни услови за да биде потпишан нов договор, а челниците на каталонскиот гигант јасно потенцираа дека невозможно е да ги исполнат поставените услови од Сисоко. Дембеле е отстранет од тимот на Барселона и така ќе биде додека не се реши ситуацијата со фудбалерот.
Агентот Сисоко бил забележан како слетува на аеродромот во Барселона, а новинарите кои го пречекаа забележаа нешто интересно. Сисоко во раката држел мобилен телефон кој го покажал кон камерата, а било забележително дека пишува Леонардо ПСЖ, односно дека му ѕвони спортскиот директор на Светците, Леонардо.
Дел од медиумите овој потег на Сисоко го проценија како блефирање и дека намерно наместил да му ѕвони некој и да пишува дека тоа е Леонардо од ПСЖ.