Фудбалер од Африка магично стана помлад за седум години, се очекува истрага од федерацијата (ФОТО)

Веќе со години наназад се дебатира за тоа колку години имаат некои фудбалери кои што доаѓаат од Афричкиот континент.

Поради големиот број на лажни изводи за датумот на раѓање, навистина е тешко да се каже точно, а таков случај доаѓа од Нигерија односно за фудбалерот Силјас Нванко кој потпиша за екипата на Мјалби.

Тој, доаѓа од шампионатот на Нигерија каде што со 18 години постигна 19 погодоци за екипата на Насарава.

Интересно е тоа што Нванко, минатата сезона се водеше како да има 25 години, а сите тие податоци се објавени на неколку страници, како и на мегапопуиларната игра Фудбал менаџер.

Останува да се види, дали фудбалската федерација на Шведска ќе покрене истрага против овој фудбалер за да се откри колку точно навистина години има.

- Оглас -

Најнови вести