Меси стави забрана за трансферот на играчот од кој добил многу ќотек

Колумбиецот Џејсон Муриљо е првото зимско засилување за Барселона. Тој треба да ја пополни празнината која се појавува во дефанзивниот ред на каталонскиот гигант. Муриљо не беше прва опција за Барселона, но откако не успеаја преговорите со други дефанзивци, тогаш играчот кој го носи дресот на Валенсија се најде како најдобра опција.

Меѓу оние кои можеа да дојдат во каталонскиот гигант е и Пепе. Некогашниот дефанзивец на Реал Мадрид доби отказ од Бешикташ и остана без клуб, токму во времето кога Барселона бараше играч од таков калибар. Сепак, доаѓањето на Пепе на „Камп ноу“ остана само сон, и тоа поради Лионел Меси.

Аргентинецот, кој е главен на теренот, но и еден од оние кои одлучуваат за новите засилувања на клубот, даде „црвено светло“ за доаѓањето на Пепе. Португалскиот дефанзивец додека беше играч на Реал Мадрид беше еден од најагресивните и често знаеше да се степа или да повреди некој од играчите на Каталонците. Самиот Меси има добиено многу „ќотек“ по нозете токму од Пепе, па Аргентинецот не го заборавил тоа и сега не даде дозвола овој играч да го облече дресот на шпанскиот првак.

 

- Оглас -

Најнови вести