Чави ја дотера Барса само за 10 кола, пред него е само Анчелоти (Фото)

Барселона во одлично дерби го победи шампионот Атлетико Мадрид со 4:2, а веќе е препознатливо делото на иконата на клубот, Чави Ернандес, кој успеа да го врати шпанскиот гигант на победнички колосек во Ла Лига.

Чави освои 21 бод на десет натпревари во Ла Лига како кормилар на Барселона, што е втор најдобар учинок, зад тој на Реал Мадрид со тренерот Карло Анчелоти.

Кралскиот клуб под палката на италијанскиот стратег освои 23 бода на последните 10 меча, но битката допрва почнува, иако Реал на врвот на табелата има 50 бода, 12 повеќе од четвртопласираната Барселона по 22 одиграни натпревари во шпанското првенство.

LaLiga standings table since Xavi’s appointment (according to exact 10 matches) from soccer

Интересно е што Чави пристигна во период кога Барселона беше во голема криза, а и со него како тренер на почетокот на одисејата во клубот во кој се прослави како играч, Каталонците испаднаа во Лигата на шампионите и потоа и во шпанскиот куп.

Сега на 12 натпревари во Ла Лига со Чави како кормилар Барселона има само еден пораз и шест победи со пет нерешени дуели.

 

- Оглас -

Најнови вести