Кристијано Роналдо е пред нов предизвик. Треба да даде четири гола во последните три меча кои треба да ги одигра во 2018 година за да продолжи една неверојатна низа. Од 2011 година започна серијата на Кристијано, секоја година ја достигнува бројката од 50 погодоци. Досега во 2018 година голгетерот е застанат на бројката од 46 погодоци.
До крајот на годината Јувентус ќе игра против Рома, Аталанта и Сампдорија. Мисијата на Роналдо е да даде четири гола на овие три средби за да може да се пофали дека осум години по ред е барем со 50 дадени голови.
Ако се гледа непрекинатата низа, зад Роналдо е Лионел Меси, кој пет години по ред му успева да даде брем 50 погодоци. Аргентинецот од Барселона за оваа година веќе го надмина лимитот и не е под притисок како Роналдо.
Низ историјата се памти и серијата на Герд Милер, кој успеа пет години да погодува по 50 и повеќе пати, и тоа во периодот од 1970 до 1974 година. Легендарниот Пеле само во две сезони по ред успеал да даде повеќе од 50 погодоци.
Cristiano Ronaldo needs 4 goals in the next 3 games in order to keep his streak of 50+ goals a year going to 8 years… pic.twitter.com/Di2N7Pn1wm
— Transfer News (@TrustyTransfers) December 21, 2018