Џердан Шаќири и официјално го напушти Лион и направи трансфер во американскиот тим Чикаго фајр. Швајцарецот стана најскапото засилување во историјата на тимот од Чикаго, за него се платени 7 милиони евра.
Шаќири, кој има 30 години, лани од Ливерпул се пресели во Лион, на 11 меча за францускиот тим имаше два гола и три асистенции.
Во новиот клуб, фудбалерот роден на Косово ќе носи дрес со бројот 10.